ТРАМП ЈА КАЗНИ ИНДИЈА ЗА УВОЗОТ НА РУСКА НАФТА На сила царини од 50% на индискиот извоз

Најпогодени категории на производи се текстилот, скапоцените камења, накит, обувки, спортска опрема, мебел и хемикалии - при што вкупните царини се меѓу највисоките во трговската политика на САД, споредливи со оние за Бразил и Кина.

26

Од денеска стапува на сила одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, за двојно зголемување на царините за индискиот извоз до 50%..

Новата казнена царина од дополнителни 25% е воведена како одговор на купувањето руска нафта од страна на Индија, покрај претходната царина од 25%.






Најпогодени категории на производи се текстилот, скапоцените камења, накит, обувки, спортска опрема, мебел и хемикалии – при што вкупните царини се меѓу највисоките во трговската политика на САД, споредливи со оние за Бразил и Кина.

Одлуката беше донесена по 5 неуспешни рунди преговори.

Индиското Министерство за трговија, повикувајќи се на анонимни извори, објави финансиска поддршка за ранливите извозници и стимулации за проширување на пазарите како што се Кина, Латинска Америка и Блискиот Исток.

Особено изложени на ризик од новите царини се производителите од Гуџарат, матичната држава на индискиот премиер Нарендра Моди.

Привременото ослободување од царини се однесува на стоки кои веќе се испратени во САД пред крајниот рок – до полноќ на 17 септември.

Одредени сектори, исто така, се ослободени, вклучувајќи челик, алуминиум, патнички возила и бакар, кои подлежат на други одредби за национална безбедност.

Според податоците на САД, вкупната трговија на двете земји во 2024 година достигна 129 милијарди долари, а трговскиот дефицит на САД изнесува 45,8 милијарди долари.

Извозниците проценуваат дека зголемените царини би можеле да достигнат 55% од извозот на Индија во САД од 87 милијарди долари, отворајќи ја вратата за конкуренција од Виетнам, Бангладеш и Кина.

И покрај трговската криза, САД и Индија вчера го потврдија продолжувањето на стратешката соработка.

Стејт департментот и Министерството за надворешни работи на Индија објавија дека високи претставници одржале виртуелен состанок и ја изразиле својата посветеност на зајакнување на билатералните односи и партнерството во рамките на Четворката – безбедносниот сојуз на САД, Индија, Австралија и Јапонија.

Поврзани содржини