ТРАМП 8 ПАТИ ЛЕТАЛ СО ПРИВАТНИОТ АВИОН НА ЕПШТАЈН На еден лет со нив била и 20-годишна девојка

Трамп не крие дека порано биле пријатели со Епстајн, но тврди дека се скарале околу 2004, неколку години пред тој да биде уапсен првпат.

260

Доналд Трамп најмалку осумпати патувал со приватниот авион на Џефри Епштајn.   Ова се гледа од  документите за сексуалниот престапник и педофил што ги објави Министерството за правда на САД. Објавени се уште 29.000 страници документи и десетици видеоснимки, од кои неколку биле снимени во затвор.

Мејл од 7 јануари 2020 содржи записи за летовите на Епштајн. Тие покажуваат дека Трамп летал со неговиот приватен авион осумпати од 1993 до 1996. На четири лета била присутна и најблиската соработничка на Епстајн, Гилејн Максвел. Во еден случај од 1993, Трамп и Епштајн се заведени како единствените патници. На друг лет тие биле придружувани од 20-годишна личност, чие име е сокриено.






Трамп не крие дека порано биле пријатели со Епштајн, но тврди дека се скарале околу 2004. Тоа било неколку години пред тој за првпат да биде уапсен. Трамп негира какво било кривично дело во врска со Епштајн.

„Некои од овие документи содржат невистинити и сензационалистички тврдења против претседателот Трамп. Тие беа доставени до ФБИ непосредно пред изборите во 2020. Да бидеме јасни: тврдењата се неосновани и лажни. Доколку имаа барем малку кредибилитет, сигурно веќе ќе беа употребени како оружје против претседателот Трамп“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Како и во претходниот случај, бројни документи и сега се редактирани, односно со покриени имиња и делови од текстот. Министерството за правда претходно кажа дека го задржува тоа право за да се заштитат жртвите и активни кривични истраги.

Поврзани содржини