📷ТРАКТОР СО ПРИКОЛКА УДРИЛ ВО АВТОБУС ПОЛН СО УЧЕНИЦИ Тешка сообраќајна несреќа во Велика Британија

Итната помош соопшти дека 12 пациенти, меѓу кои и деца, биле итно пренесени во болница.

187

Автобус полн со ученици доживеа страшна несреќа откако трактор со приколка го скрши прозорецот на горниот кат од автобусот.

Десетина луѓе биле итно пренесени во болница со сериозни повреди додека преплашените членови на семејството попладнево веднаш дошле на местото на настанот во местото Меофем во Кент.






Итната помош соопшти дека 12 пациенти, меѓу кои и деца, биле итно пренесени во болница.

Еден пациент со хеликоптер бил префрлен во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон, а четири лица биле отпуштени на местото на настанот.

Службата за брза помош на Југоисточниот брег процени „голем број жртви“ по она што полицијата го опиша како „тешка сообраќајна несреќа“.

Сликите од местото на настанот покажуваат околу десетина амбулантни возила на улицата во близина на местото на несреќата.

Полициски кордон ги опколи тракторот и згмечениот автобус, а портпаролот на полицијата во Кент ги повика сите сведоци на инцидентот да контактираат со полициските служби.

Поврзани содржини