Трагикомедија во Кочани: Тргнал по умрената мајка, си ја вратил жива (ВИДЕО)

Брза помош ми рече мајка ти е почината и може да си ја земете. Докторот што ја прегледувал ни рече дека за два часа ќе можете да ја земете - вели Донев.

4,011

Кочанчанецот Благојче Донев доживел два шока пред два дена, откако од болницата му кажале дека мајка му починала, па тој почнал да го огранизира погребот.






Се јавил на блиските роднини и погребен оператор, од каде закажале во црква и испечатиле некролози, но кога тој заедно со операторот дошол да го земе телото, открил дека мајка му е жива и дека лежи на Интерното одделение.

– Брза помош ми рече мајка ти е почината и може да си ја земете. Докторот што ја прегледувал ни рече дека за два часа ќе можете да ја земете. Отидовме да ја земеме со погребално возило, ја баравме на неколку места. Конечно ја најдовме на Интерно одделение жива, ова беше голем стрес за мене – изјави Донев за Телевизија Кочани.

Поврзани содржини