ТРАГИЧНА НЕСРЕЌА ОДЗЕДЕ ЖИВОТИ ВО ИНДОНЕЗИЈА Се сруши мост за време на посета на политичар

Мостот се урна само неколку недели по експлозијата на моторен чамец во провинцијата Северен Малуку, при што загинаа 6 лица, меѓу кои и кандидатот за гувернер на провинцијата Бени Лаос.

142

Седум лица го загубија животот, а 11 се повредени при уривање на мост во источниот дел на провинцијата Малуку во Индонезија, јави ДПА.

Kандидатot за гувернер на областа Централна Малуку, Енди Мунасвиер, го минувал мостот со своите колеги од кампањата кога мостот се урнал и луѓето паднале во водата. Мунасвир има полесни повреди.






Мостот се урна само неколку недели по експлозијата на моторен чамец во провинцијата Северен Малуку, при што загинаа 6 лица, меѓу кои и кандидатот за гувернер на провинцијата Бени Лаос. Глисерот, кој ги превезувал Лаос и неговиот тим на настан за кампањата, експлодирал додека полнел гориво.

Поврзани содржини