ТРАГИЧЕН КРАЈ НА СРПСКАТА МАНЕКЕНКА Се огласи таткото на Бојана Шарац

Ништо на нејзиниот инстаграм-профил не навестувало за трагедијата, а последната фотографија ја објавила два дена претходно.

4,891

Веста дека српската манекенка Бојана Шарац почина многумина шокираше. Според неофицијални информации, несреќната девојка се самоубила.

По повод смртта на Бојана, се огласи и нејзиниот татко, скршен од болка: „Замина мојата ќерка, Бог ми ја зема во нејзината 28-ма година…“.






Во светот на модата нејзиното име е добро познато. Успешно се занимаваше со манекенство во Србија и странство, додека пошироката јавност ја забележа во спотот на Реља Поповиќ за песната „Марија“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by bole (@bolemene)


Бојана Шарац студирала психологија, пренесуваат медиумите. Ништо на нејзиниот инстаграм-профил не навестувало за трагедијата, а последната фотографија ја објавила два дена претходно.

Пријателите и понатаму во шок се збогуваат со убавата Бојана во коментар: „Патувај со ангелите, ангелу“, „На сите ќе им недостигаш“… Кратко и болно прашање „зошто? многупати е прашано и нема одговор.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by bole (@bolemene)


Бојана Шарац со години се одвојуваше од другите манекенки поради специфичниот стил, но и драстичните трансформации на изгледот.

Последните месеци живеела на релација Нови Сад – Лондон.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини
na