ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА Потврдена смртта на актерот Џулијан Сендс кој исчезна пред пет месеци

Британскиот актер пет месеци се водеше за исчезнат откако заминал на планинарење во близина на Лос Анџелес.

477

Потрагата по славниот британски актер Џулијан Сендс заврши со трагично. Мртво тело пронајдено на планината Балди во јужна Калифорнија идентификувано е дека со британскиот актер кој пет месеци се водеше за исчезнат откако заминал на планинарење.

Шерифот на Округот Сан Бернандино потврди синоќа дека останките се на исчезнатиот 65-годишен актер, жител на Лос Анџелес. Истрагата сѐ уште утврдува како настапила смртта. Телото на Сeндс било откриено во саботата од планинари. Планината е дел од масивот Сан Гејбриел што е на 80 километри од Лос Анџелес.






Калифорнија зимата беше погодена од досега незабележани бури проследени со смртоносни поплави и лизгање на земјиштето.

Беа организирани неколку потраги по Сeндс – последната на 17 јуни. Полицијата потврди дека, поради „екстремни алпски услови“, некои места на планината се недостапни.

Сeндс се појави во десеттина филмски и телевизиски улоги, вклучувајќи ги „Соба со поглед“, „Напуштање на Лас Вегас“, „Полиња за убивање“ и други.

Беше оженет со новинарката Евгенија Ситковиц со која имаат три возрасни деца.

Поврзани содржини