ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА АЈАЧО Го снајде куршум среде погребот на неговата мајка
По трагичниот настан, во болницата во Ајачо била обезбедена психолошка помош за околу педесет сведоци кои присуствувале на погребот. Островот, веќе оптоварен со мафијашки ликвидации и ривалства меѓу кланови, повторно се соочи со својата најтемна страна.
Погребот на мајката на поранешниот корзикански лидер Ален Орсони се претворил во сцена од мафијашки трилер. Орсони бил застрелан со истрел од далечина, додека стоел меѓу најблиските роднини во селото Веро, јавија француските медиуми.
Полицијата потврди дека убиецот користел оружје со долга цевка и дека истрелот бил прецизно насочен. Обвинителството отвори истрага за организирано убиство, а францускиот весник „Le Parisien“ објави дека нападот бил внимателно планиран.
Орсони, кој предводел националистички движења за независност на Корзика и бил поранешен претседател на фудбалскиот клуб АЦ Ајачо, веќе еднаш преживеал атентат во 2008 година. Неговиот брат Гај бил убиен во 1983 година.
По неговата активна улога во Националниот ослободителен фронт на Корзика (FLNC), Орсони заминал во егзил во Флорида, Шпанија и Никарагва, каде работел во секторот за игри на среќа. Подоцна формирал свое политичко движење за самоопределување, кое дел од критичарите го нарекувале „движење за бизнис“.
По трагичниот настан, во болницата во Ајачо била обезбедена психолошка помош за околу педесет сведоци кои присуствувале на погребот. Островот, веќе оптоварен со мафијашки ликвидации и ривалства меѓу кланови, повторно се соочи со својата најтемна страна.
Орсони загина на 71. година.