ТРАГЕДИЈА ВО СТОКХОЛМ Се урна монтажен лифт на градилиште, загинаа најмалку пет лица

Шведското обвинителство покрена истрага за несреќата, сѐ уште се работи на идентификација на жртвите.

339

Најмалку пет лица загинаа кога монтажен лифт се урна на градилиште во предградие на Стокхолм. Шведското обвинителство покрена истрага за несреќата.

„Во прашање е кривично дело што резултира со смрт на работното место, вклучително и дело предизвикување смрт на друго лице“ – се вели во соопштението на обвинителството.






Сѐ уште се работи на идентификација на жртвите, а во тек е техничка истрага на местото на несреќата.

Шведската полиција првично соопшти дека најмалку четири лица се повредени при уривање на лифт од висина од 20 метри, но подоцна е утврдено дека во несреќата има и жртви.

 

Поврзани содржини