Трагедија во семејството Балак, загина 18-годишниот син на Михаил

Емилио е син на Балак од бракот со Симоне Ламбе, со која поранешниот германски репрезентативец има уште два сина, Луис (20) и Жорди (16) Двојката се разведе во 2016 година.

676

Славниот германски фудбалер го загуби својот 18-годишен син, кој трагично го загуби животот при судир на квадрицикл мотори во Португалија, пренесуваат локалните медиуми.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а португалските медиуми јавија дека синот на Балак, Емилио го загубил животот во два часот наутро возејќи квадрицикл во туристичкото место Троија, јужно од Лисабон, во близина на семејната куќа.






Семејството Балак веќе некое време поседува викендица во близина на Лисабон, а по несреќата експресно реагираа брзата помош и пожарникарите, но не успеаја да го спречат трагичниот исход, објави „Мирор“.

Фудбалскиот клуб Челси, чиј член беше Михаел во текот на неговата кариера, како и многу љубители на фудбалот, испратија пораки со сочувство до семејството Балак.

Славниот фудбалер ја заврши кариерата во 2012 година, а покрај Челси играше за Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Емилио е син на Балак од бракот со Симоне Ламбе, со која поранешниот германски репрезентативец има уште два сина, Луис (20) и Жорди (16) Двојката се разведе во 2016 година.

Поврзани содржини