ТРАГЕДИЈА ВО НИШ 23-годишна родилка почина од корона по царски рез

Иако девојката немала други болести, нејзината состојба утринава се влошила. Девојчето кое го родила е здраво и има 3,4 килограми. Сите мислеле дека мајката закрепнува, но таа веднаш била пренесена на апарати за дишење во Интензивната нега.

413

Бремена жена од Ниш утрово починала од коронавирус, откако пред неколку дена со царски рез било извадено нејзиното девојче. Девојката имала само 23 години и била од округот Пирот, а се заразила во деветтиот месец. Неколку пати се обидувале да ја реанимираат на Интензивна нега во нишката клиника, пишува Мондо.

Иако девојката немала други болести, нејзината состојба утринава се влошила. Девојчето кое го родила е здраво и има 3,4 килограми. Сите мислеле дека мајката закрепнува, но таа веднаш била пренесена на апарати за дишење во Интензивната нега.






Тоа што е сигурно, е дека царскиот рез не влијаел на влошување на нејзината состојба, се вели во медиумите.

Поврзани содржини