ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА Воз усмртил петмина железничари на ноќна смена

Товарниот воз, кој сообраќал на линијата меѓу Милано и Торино, се движел со брзина од 160 км/ч кога удрил во тим задолжен за замена на елементите на железничката линија во близина на местото Брандицо.

176

Петмина железничари го загубија животот во железничка несреќа во близина на италијанскиот град Торино. Товарен воз удрил и ги прегазил железничарите кои работеле на ноќното одржување на пругата, објавија денеска италијанските медиуми.

Товарниот воз, кој сообраќал на линијата меѓу Милано и Торино, се движел со брзина од 160 км/ч кога удрил во тим задолжен за замена на елементите на железничката линија во близина на Брандицо, објавија новинските агенции АГИ и АНСА.






Како што пренесуваат, железничарите биле влечени неколку стотици метри, а двајца нивни колеги успеале да го избегнат ударот. Машиновозачот не е повреден.

Градоначалникот на Брандицо, Паоло Бодони, изјави дека не е исклучена можноста несреќата да настанала поради грешка во комуникацијата. Во тек е истрага.

 

Поврзани содржини