ТИНЕЈЏЕР ЗАГИНА ВО ГОСТИВАР Приведен е возач на БМВ со швајцарски таблички
Сообраќајната несреќа се случила на улицата Илинденска во Гостивар. Во судирот учествувале патничко возило марка „бмв“ со швајцарски таблички, кое го управувал 38-годишен маж од селото Балиндол, и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, зад чиј управувач бил 18-годишен жител на Гостивар.
Тешка сообраќајка со фатални последици се случи рано утринава во Гостивар, откако автомобил се судрил со мотоцикл, при што мотоциклистот починал на самото место.
Несреќата се случила во 1:40 часот на улицата Илинденска во Гостивар. Во несреќата учествувале патничко возило ВМВ со швајцарски национални ознаки, управувано од 38-годишниот И.М. од селото Балиндол, гостиварско, и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот А.Б. од Гостивар.
Како што соопшти МВР, од здобиените повреди мотоциклистот починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Возачот на автомобилот, И.М., е лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.