Една жена загинала откако паднала од ролеркостер во забавен парк во департманот Оаза на северот на Франција.
Во соопштението на паркот „Сен Пол“ пишува дека несреќата се случила во саботата околу 13:45 часот, пренесува Си-eн-ен.
Жената испаднала од возот додека се возела со ролеркостерот „Формула 1“. Веднаш пристигнале итните служби, но не успеале да ја спасат 32-годишната жена која загинала на лице место.
На истиот ролекостер во 2009 година се случил уште еден смртоносен несреќен случај, рекол директорот на паркот за Си-ен-ен.
„Формула 1“ бил еден од вкупно 45 ролеркостери во паркот.