ТРАГЕДИЈА ВО ДЕМИРКАПИСКО Починат српски државјанин е пронајден блиску до Вардар
Вчера во 11.55 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во Демир Капија, во близина на реката Вардар на место викано Арсова Лака, бил пронајден починат В.Д.(82) од Република Србија, соопшти СВР Велес.
Починат српски државјанин вчера бил пронајден во Демиркаписко, телото било предадено на обдукција, информираа денеска од СВР Велес.
„Вчера во 11.55 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во Демир Капија, во близина на реката Вардар на место викано Арсова Лака, бил пронајден починат В.Д.(82) од Република Србија. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти СВР Велес.