📽 ТРАГЕДИЈА НА ИТАЛИЈАНСКИТЕ АЛПИ Двајца планинари загинаа во лавина, спасувачката служба одвај се приземјила
Едната од жртвите била фрлена од лавината во езерото на дното на падината, додека другото тело било пронајдено во снегот.
Двајца планинари загинаа во лавина во саботата на италијанските Алпи, во близина на границата со Швајцарија, соопшти спасувачката служба.
Лавината се случила околу пладне, на надморска височина од 2.200 метри во долината Формика, во областа Пиемонте во северна Италија.
Едната од жртвите била фрлена од лавината во езерото на дното на падината, додека другото тело било пронајдено во снегот.
И покрај силниот ветер, хеликоптерот успеал да ја приземји спасувачката екипа на која ѝ помагала и единицата за кучиња.
Противпожарен хеликоптер со нуркачи бил испратен за да го извлече телото од езерото, соопштија спасувачите.
Идентитетот на жртвите не е соопштен.
Sono due ciaspolatori lombardi le vittime della valanga in Formazza. Un uomo di 53 anni e una donna di 30 pic.twitter.com/MAIOu99OWV
— News24 vco24 novarese24 altopiemonte24 ossola24 (@News24Piemonte) January 7, 2024