ТРАГЕДИЈА НА ГРЧКИОТ ОСТРОВ РОДОС 24-годишна девојка починала на својата роденденска прослава

Причините за ненадејната смрт на 24-годишната девојка, се очекува да се утврдат по спроведената истрага.

1,757

По страшните пожари, уште една трагична вест стигнува од грчкиот остров Родос. 24-годишна девојка починала на прославата на својот роденден во еден хотел на популариот грчки остров, јавуваат грчките медиуми.

Девојката дошла на Родос да го прослави роденденот заедно со своите пријатели. Тие прославувале во еден од хотелите на островот. 24-годишната девојка се забавувала и почнала да свири на клавир, но одеднаш колабирала. Пријателите и персоналот повикале брза помош, но и покрај напорите на лекарот и спасувачите на ЕКАВ, девојката набрзо починала.






Се очекува точните причини за ненадејната смрт на 24-годишната девојка да се утврдат по спроведената истрага.

Поврзани содржини