ТРАГЕДИЈА НА ГРАДСКИОТ КЕЈ ВО ОХРИД Извлечено тело од езерото, нема траги од насилство
На лице место интервенирала и екипа од Службата за итна медицинска помош, која, по пристигнувањето, само можела да ја констатира смртта.
Безживотно тело попладнево околу 14 часот било пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид.
Информацијата за Плусинфо ja потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој изјави дека на телото не се забележани траги на насилство.
– Во моментов не можеме да дадеме точни информации, бидејќи телото ќе биде предадено на обдукција, повеќе би требало да има во текот на утрешниот ден. Инаку местото е обезбедено и се спроведува истрага за утврдување на причините и околностите за трагичниот настан – соопшти Димоски.
На лице место интервенирала и екипа од Службата за итна медицинска помош, која, по пристигнувањето, само можела да ја констатира смртта.