ТРАГЕДИЈА НА ДОМАШНА ЗАБАВА ВО РАДИШАНИ Тинејџер излегол од базен и починал од струен удар

Според пријавеното, откако излегол од базенот, тинејџерот преку миксетата сакал да пушти музика и во тој момент паднал од краток спој.

1,403

Домашна забава во скопската населба Радишани заврши со трагедија. 19-годишник од Скопје починал од струен удар откако излегол од базен и сакал да пушти музика.

„На 23.07.2024 во 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на домашна забава во Радишани, скопско, од струен удар починал Љ.Љ.(19) од Скопје.

Според пријавеното, откако излегол од базенот, Љ.Љ. преку миксетата сакал да пушти музика и во тој момент паднал од краток спој.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Чаир“ – известија од МВР.

Поврзани содржини