ТРАГЕДИЈА И ПОДВИГ НА ЗАМРЗАНОТО ЕЗЕРО КАЈ БИРМИНГЕМ Десетгодишник се обидел да спаси други деца, но и самиот се удавил

Спасувачките служби од замрзнатотот езеро извлекле четири деца на кои им бил констатиран срцев удар и веднаш биле пренесени во болница, каде три од нив починале.

172

Десетгодишно момче трагично загина додека се обидувало да спаси уште тројца пријатели кои пропаднале во замрзнатото езеро Бабс Мил, во близина на Бирмингем, Англија. Инцидентот се случил додека децата си играле на мразот на езерото, но во еден момент мразот попуштил под нивната тежина.

Џек Џонсон, според неговото семејство, скокнал во замрзнатото езеро без да размислува за сопствената безбедност откако ги слушнал врисоците на децата кои паднале во водата, пишува „Мирор“.






Спасувачките служби од езерото извлекле четири деца на кои им бил констатиран срцев удар и веднаш биле пренесени во болница. Меѓутоа, подоцна беше објавено дека заедно со Џонсон починале и двете деца кои тој се обидел да ги спаси, на возраст од 11 и осум години. Четвртото дете, на шестгодишна возраст, е во критична состојба.

Поврзани содржини