ТРАЕКТИТЕ ЗАПРЕА, УЧИЛИШТАТА СЕ ЗАТВОРИЈА Тајфунот Хинамнор ги погоди Кина, Јапонија и Тајван ВИДЕО
Хинамнор се движи кон север кон Источно Кинеско Море со максимална брзина од 175 километри на час.
Во градовите во источна Кина не сообраќаат траектите, додека во Јапонија откажани се летови и училиштата се затворени поради тајфунот Хинамнор.
Најсилната глобална бура оваа година претходно ги погоди Тајван и Корејскиот Полуостров, проследена со обилен дожд.
И во Шангај не сообраќаат траектите, а повеќе од 50.000 полицајци се задолжени да помогнат во спасувањето и пренасочувањето на сообраќајот во безбедно подрачје.
Хинамнор се движи кон север кон Источно Кинеско Море со максимална брзина од 175 километри на час.
Поради тајфунот на јапонскиот јужен остров Окинава наредени се евакуации и откажани се летови.
Кинеската метеоролошка служба прогласи жолт метеоаларм во североисточната провинција Зејианг, Шангај и Тајван.
The Fujiwhara Effect: Super Typhoon #Hinnamnor devours Tropical Depression Gardo 🌀🌀 #台風11号 pic.twitter.com/c3LNk1njqO
— Zoom Earth (@zoom_earth) September 2, 2022