ТРАЕ ГУЖВАТА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

49

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини денеска е зголемен. На ГП Табановце се чека околу 60 минути, а на ГП Богородица се чека околу 40 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини