ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Е КАНДИДАТ ЗА НОВ ГУВЕРНЕР Претседателката Сиљановска Давкова предложи кој да го чува денарот

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска завршува денес, но според законските одредби, таа ќе продолжи да ја извршува функцијата сè до изборот на нов гувернер. Нејзиниот седумгодишен мандат е оценет како особено успешен.

503

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова официјално до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.

„При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот“, соопштуваат од Кабинетот на Претседателката.






Како што беше посочено, изборот не бил лесен, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати што беа во игра за оваа значајна позиција.

Професорот Славески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје. Тој зад себе има богата академска и политичка кариера, и важи за едно од најпознатите имиња во економската фела во земјава. Редовен е професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и самиот ги минал сите академски степени – од додипломски студии, па сè до докторска дисертација.

Публиката го памети и како министер за финансии, но најмногу е препознатлив по своето постојано учество во економските дебати и јавната дискусија, каде важи за експерт со ставови кои имаат реална основа и тежина.

Славески е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, партија во која учествувал и во изработка на програмските документи.

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска завршува денес, но според законските одредби, таа ќе продолжи да ја извршува функцијата сè до изборот на нов гувернер. Нејзиниот седумгодишен мандат е оценет како особено успешен.

Поврзани содржини