Ова не е прв пат градоначалникот Петре Шилегов недоизградена улица да ја промовира како готова. По булеварот Босна и Херцеговина, улицата Лазар Личеновски, улицата Џон Кенеди сега и улицата Есенинова, пишува на Фејсбук советникот на ГРОМ и портпарол на партијата, Александар Трајановски.
„Добар ден од улица Есенинова. Онаа иста улица Есенинова која градоначалникот Петре Шилегов ја промовира како завршена и за истата си пуштил реклама на Фејсбук. Улицата не само што не е завршена, повлечена е механизацијата и на терен не се одвиваат никакви градежни работи. Градоначалникот Петре Шилегов со ова докажува дека го преспа својот мандат, а позади неговата „Поинаква приказна” всушност се крие мрзеливост и лицемерие. Скопје, една крајно лицемерна приказна“, вели Трајановски.