Трајанов револтиран од Филипче, очекувал вакцинација со Фајзер, а добил Спутник V

Не може од Фејсбук да се гради политика. Некој ќе напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“, и министерот ја менува со „Спутник“. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација.

2,200

Павле Трајанов, пратеник и лидер на Демократски сојуз во изјава за медиуми реагира дека пратениците се измамени и  дискриминирани бидејќи министерот за здравство Венко Филипче не им оставил право на избор при имунизацијата.

 

– Пратениците се насочени да се вакцинираат со „Спутник“. Можеме да почекаме и да одложиме, но за да профункционира парламентот мора да бидеме вакцинирани, еве сите се наредивме во редот и се вакциниравме. Не може од Фејсбук да се гради политика. Некој ќе напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“, и министерот ја менува со „Спутник“. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса – изјави револтирано Трајанов.

Според него, тоа било став и на другите пратениц, но не смееле да го кажат.

– Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам измама- рече Трајанов.

 

Поврзани содржини