Трајанов предложи казна од три години затвор за злоупотреби при вработување
Функционерите да не се дружат со мафијата и криминалците - изјави лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.
Да се изгради систем за детекција на скриен имот на политичарите. Октоподот треба да се удри со чекан по глава криминалот ќе ја “изеде” државата. Функционерите да не се дружат со мафијата и криминалците – изјави лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој е првиот говорник на продолжението на денешната собраниска расправа за избор на новата влада.
Трајанов предложи воведување казна од 3 години затвор за оној функционер којшто ќе ја злоупотреби власта при вработување, како и промени во политичкиот систем во земјава за негова демократизација.
Тој образложи дека треба да се остави можност претседателот на државата да може да го распушта парламентот, како што е во повеќе држави, а решението кај нас предвидува самораспуштање на пратениците.
– Треба да се преиспита правилото на Бадентер, коe во одредени мменти се јавува како кочница. – рече Трајанов.
Трајанов предложи рационализација на јавната администрација и Македонија да биде една изборна единица, а пропорционалниот модел да остане.
Седницата и денеска почна со задоцнување од околу 30 минути. Се очекува до пред полноќ да биде избрана новата влада предложена од мандатарот Зоран Заев.