Трајанов: Партијата што ќе прифати премиер Албанец треба да се избрише од политичката сцена

4,927

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, дел од коалицијата на СДСМ во вечерашната „Само вистина“ во Канал 5 телевизија рече дека барањето за премиер Aлбанец не е прифатливо.

Трајанов вели дека вo ДУИ се реални и тие знаат дека идејата за премиер Албанец нема да помине.






– Таа партија што ќе прифати таква уцена мислам дека треба да се избрише од политичката сцена, но тоа нема да го направи ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали е голем притисокот за да се направи влада, таква уцена од ДУИ нема да биде прифатена – вели Трајанов.

Трајанов вели дека од коалицијата со СДСМ бара да се земат предвид три важни барања за неговата партија, како и тоа дека се чека да се види што ќе биде производ на преговорите со ДУИ, но дека СДСМ нема бланко поддршка од страна на Демократскиот сојуз, а доколку не бидат исполнети барањата може да се отповика поддршката кон СДСМ.

Поврзани содржини