Великанот на југословенската и српската народна музика, Предраг Живковиќ Тозовац (85), кој почина во вторникот, денеска ќе биде погребан, пишува „Новости.рс“.
Тозовац ќе биде погребан во Алејата на заслужните граѓани, на Новите гробишта во Белград, а службата ќе започне во 14 часот, а претходно ќе има комеморација.
Иако нема официјална потврда каде точно ќе биде гробот на Тозовац, тој најверојатно ќе почива покрај пејачот Џеј Рамадановски, a таму се погребани и сликарот Владимир Величковиќ, концептуалниот уметник Слободан Ера Миливојевиќ и актерот Властимир Власта Велисављевиќ.