ТОВАРЕН ВОЗ ИЗЛЕТА КАЈ ЗЕЛЕНИКОВО Железничкиот сообраќај е во прекин, нема повредени лица

Патниците и товарните возови кои патуваат преку овој дел на трасата се предупредени на прекините, а се очекува сообраќајот да се нормализира во најскоро време.

4,180

Во вчерашниот инцидент на македонските железници, товарен воз излезе од шините помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“. Несреќата се случи околу 21:37 часот, по што сообраќајот во тој дел беше целосно прекинат.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) Скопје, за среќа нема повредени лица. На терен веднаш се упатени екипи на Македонски железници кои работат на отстранување на последиците и нормализирање на сообраќајот.






Патниците и товарните возови кои патуваат преку овој дел на трасата се предупредени на прекините, а се очекува сообраќајот да се нормализира во најскоро време.

Пругата е пуштена за сообраќај. Директорот за влеча и одржување на возните средства во „МЖ-Транспорт“, Игор Коруноски за весникот ВЕЧЕР вели дека не станува збор за излетување на возот, туку за излизгување со една осовива, по што случката е средена и пругата е пуштена во сообраќај.

Поврзани содржини