Тоти сакал намерно да промаши пенал на последниот меч

Тоти одигра вкупно 786 натпревари на кои постигна 307 голови, а во 2017 година стави крај на кариерата.

405

Легендата на италијанскиот прволигаш Рома, Франческо Тоти, сакал намерно да промаши пенал против Џенова на последниот негов натпревар, открива неговиот тимски колега Хуан Хесус.

Како што вели тој, Тоти сакал да ја заврши кариерата со промашен пенал, односно топката да ја шутне во публиката.






– Пред неговиот последен натпревар ни рече на сите во соблекувалната дека ако ни биде досуден пенал, тој ќе го шутира и дека намерно ќе го промаши, бидејќи топката сака да ја испрати на трибините кај неговите фанови. Но, пенал не беше досуден и планот на Тоти не успеа – раскажал Хесус.

Инаку, Тоти одигра вкупно 786 натпревари на кои постигна 307 голови, а во 2017 година стави крај на кариерата.

Поврзани содржини