ТОТЕНХЕМ ЈА ОСВОИ ЛИГАТА НА ЕВРОПА Голот на Џонсон го сруши Јунајтед и ги однесе „петлите“ во ЛШ

И покрај тоа што „црвените ѓаволи“ притискаа во второто полувреме и создадоа неколку шанси, „петлите“ успеаја да се одбранат и да ја задржат предноста до крајот на мечот.

47

Фудбалерите на Тотенхем Хотспур триумфираа во финалето на Лигата на Европа, совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 1:0 и со тоа обезбедија директен пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Херој на „петлите“ беше Бренан Џонсон, кој во 42 минута ја затресе мрежата на Јунајтед и го донесе првиот европски трофеј за Тотенхем по повеќе од една деценија.






И покрај тоа што „црвените ѓаволи“ притискаа во второто полувреме и создадоа неколку шанси, „петлите“ успеаја да се одбранат и да ја задржат предноста до крајот на мечот.

За Манчестер Јунајтед ова е уште еден горчлив момент во сезона која многумина ја нарекуваат најлоша во модерната историја на клубот – без ниту еден освоен трофеј и со лоши резултати на домашната сцена.

Финалето на Лига Европа, во кое Манчестер Јунајтед и Тотенхем доби жестока увертира.

Во Сан Себастијан, на еден час возење, дошло до тепачка меѓу навивачите.

Според англиските медиуми, ситуацијата на улицата ескалирала по меѓусебните навреди меѓу двете групи што се сретнале таму.

Очевидци наведуваат дека тепачката избувнала кратко пред 21:30 часот, а сè резултирало со хаос во кој биле фрчеле боксови и летале шишиња, столчиња и маси.

Неколку локални полициски патроли пристигнале на местото на настанот по пријавувањето за тепачка и брзо воспоставиле ред. Испратена биле и брза помош, чии вработени им пружиле помош на неколку лица на лице место.

 

Поврзани содржини