Тотален хаос во Србија за ПЦР тестови! Луѓето со часови чекаат на сонце за тестирање (ФОТО)

Од денеска, толпата е уште поголема по одлуката на Црна Гора да ги отвори своите граници за српските туристи по услов да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа

1,231

Веќе неколку недели пред Институтот „Торлак“ на Вождовац веќе околу 4 часот наутро започнува да се формира километарски ред од луѓе кои доаѓаат да се тестираат за новиот ковид-19 вирус.

Од денеска, толпата е уште поголема по одлуката на Црна Гора да ги отвори своите граници за српските туристи по услов да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или позитивен серолошки тест како доказ дека имаа прележано ковид-19 и имаат антитела.

 






За потсетување на „Торлак“ нема закажувања, а резултатите речиси по правило се добиваат во рок од 24 часа, па поради тоа тука на тестирање доаѓаат не само жителите на Белград, туку луѓе од цела Србија, но и од соседните земји, како Македонија, Република Српска…

 

Според информациите од српските медиуми, еден дел од граѓаните кои се наоѓаат во редот навистина се дојдени за тестирање поради патување во Црна Гора, но сепак повеќе се оние кои имаат службено патување или летување во некоја друга земја.

Инаку, цената за еден тест изнесува 6.000 денари, но не е познато дали оваа цена важи и за странските државјани.

Поврзани содржини