📽️ ТОТАЛЕН ХАОС ВО ИРАН, РЕВОЛУЦИЈА Е ВО ТЕК Техеран гори, илјадници граѓани излегоа на улиците
Социјалните мрежи како ТикТок, Фејсбук и платформата Икс се официјално забранети, како и пристапот до американски и европски информативни портали.
Иранските власти денеска (8 јануари) го ограничија пристапот до интернет во Техеран и во неколку други региони, на 12-тиот ден од масовните протести против владата, објави „CBS News“, повикувајќи се на извори од главниот град.
Како што може да се види од видеата што кружат на социјалните мрежи, низ земјата владее тотален хаос, а дел од демонстрантите палат владини згради. Според оценките на аналитичарите, во Иран очигледно е во тек вистинска „револуција во боја“.
BREAKING: Tehran has erupted. Massive crowds are torching regime buildings as the Islamic regime loses control. This is the end.pic.twitter.com/bOWMtWCPU0
— Awesome Jew (@Awesome_Jew_) January 8, 2026
Два извора потврдија дека интернетот во главниот град е прекинат, додека организацијата „NetBlocks“, која ја следи достапноста на интернет-мрежите, соопшти дека нејзините податоци покажуваат оти Техеран и други делови од Иран влегуваат во „дигитална темнина“, со прекини кај повеќе интернет-провајдери.
Извор на „CBS News“ изјави дека „огромни, невидени толпи“ излегле на улиците на Техеран, а прекинот на интернетот уследил откако граѓаните почнале да скандираат антивладини слогани од своите прозорци, по апелот на протераниот ирански престолонаследник Реза Пахлави, кој ги повика Иранците јавно да се изјаснат.
Video shows one of the crowds gathered in Tehran, Iran. pic.twitter.com/7DbsXu2NM1
— Faytuks Network (@FaytuksNetwork) January 8, 2026
Аналитичарите оценуваат дека обемот на протестниот одговор ќе биде клучен фактор што ќе одреди дали 12-дневните немири ќе стивнат, како претходните бранови на незадоволство, или ќе ескалираат во сериозен предизвик за власта, со можност за поширока репресија.
Според американската новинска агенција „Активисти за човекови права“, досега во немирите се убиени најмалку 39 лица, меѓу кои и четворица припадници на безбедносните сили, додека повеќе од 2.260 лица се приведени.
Govt buildings, forces vehicles set on fire in Tehran, Iran’s capital pic.twitter.com/oAvmXlSK19
— Apoorv Pandey (@apoorv_4_) January 8, 2026
Социјалните мрежи како ТикТок, Фејсбук и платформата Икс се официјално забранети, како и пристапот до американски и европски информативни портали.
Повод за експлозијата на незадоволство беше целосниот пад на иранскиот риал, кој на 6 јануари достигна историски минимум од 1,5 милиони риали за еден американски долар, објави Ал Џезира. Со инфлација на храната од 72 проценти, животот на просечниот Иранец стана практично неодржлив.
Во очаен обид да купи социјален мир, владата во Техеран објави итна мерка, месечен додаток од седум долари (околу 6,5 евра) за 71 милион граѓани, пренесува Би-Би-Си.
Најдраматичните сцени доаѓаат од западните провинции. Агенцијата „i24News“ и опозициските портали известуваат дека градовите Абданан и Малекшахи, во провинцијата Илам, се фактички надвор од контрола на централната власт.
Оваа ескалација ја потврди и Институтот за проучување на војната (ISW), кој во својата анализа наведува дека демонстрантите во западен Иран успеале да ја преземат контролата врз објекти на локалната самоуправа и безбедносните бази.