ТОТАЛ ТВ ЌЕ ГИ ПРЕНЕСУВА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ЕВРОЛИГАТА Најдобрата европска кошарка ќе се прикажува на каналите на Спорт Клуб

Гледачите во Македонија со голема страст ги следат историските дуели помеѓу Барселона и Реал Мадрид, како и дуелите на другите гиганти на европската кошарка, а ние сме исклучително горди што нашите претплатници ќе можат да уживаат во најдоброто што го нуди европската кошарка во следните 5 години, порача Никола Тасев, извршен директор на Тотал ТВ.

123

Претплатниците на услугите на Тотал ТВ ќе можат ексклузивно да ги следат натпреварите од најдобрата европска кошаркарска лига на каналите на Sport Klub во следните 5 сезони.

Јунајтед Медиа, водечката медиумска компанија во Југоисточна Европа, и Euroleague Basketball потпишаа нов петгодишен договор со кој се обезбедува пренос на натпреварите од Евролигата (Turkish Airlines EuroLeague) и Еврокупот (7DAYS EuroCup) на каналите на Sport Klub кои се во програмската понуда на Тотал ТВ.






Тоа значи дека претплатниците на Тотал ТВ, во рамките на своите пакети, ќе продолжат да уживаат во најпрестижната лига и натпревари за кои секогаш се бара повисока цена на билетот.

– Македонија е земја што ја сака кошарката, а Евролигата е едно од најгледаните спортски натпреварувања. Иако, во ова натпреварување нема македонски клуб, гледачите во Македонија со голема страст ги следат историските дуели помеѓу Барселона и Реал Мадрид, како и дуелите на другите гиганти на европската кошарка, а ние сме исклучително горди што нашите претплатници ќе можат да уживаат во најдоброто што го нуди европската кошарка во следните 5 години – рече Никола Тасев, извршен директор на Тотал ТВ.

Сите љубители на кошарката со Тотал ТВ можат да ги следат сите натпревари од Евролигата и Еврокупот каде било во Македонија, доколку се претплатат на некој од пакетите на Тотал ТВ.

Поврзани содржини