ТОШКОВСКИ ТВРДИ ДЕКА НИКОГАШ НЕ ПРИМИЛ ПОРАКА ОД УБИЕНАТА РОСИЦА Министерот порача да не се злоупотребува трагедијата

„Министерот Панче Тошковски категорично ги демантира наводите изнесени во јавноста, а воедно упатува апел овој трагичен настан да не се злоупотребува за дневнополитички цели“, соопшти ПР-службата на Министерството за внатрешни работи.

857

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остро ги отфрли тврдењата што се појавија на социјалните мрежи дека убиената Росица Коцева неколку месеци пред трагедијата му испратила СМС-порака со барање за помош.

Повод за неговата реакција беше фотографија што кружи на интернет, на која се гледа содржина од наводна порака, но без датум на испраќање и без комплетен телефонски број. Во текстот на пораката, за која се тврди дека е испратена до министерот, Росица детално опишува дека е жртва на постојано насилство од поранешниот партнер, вклучувајќи тепање, прогон и запалување на автомобил, додавајќи дека надлежните институции му вратиле пасош и дека тој патува во странство.






„Министерот Панче Тошковски категорично ги демантира наводите изнесени во јавноста, а воедно упатува апел овој трагичен настан да не се злоупотребува за дневнополитички цели“, соопшти ПР-службата на Министерството за внатрешни работи.

Опозицискиот СДСМ денеска побара одговори од Тошковски дали е вистина дека пораката стигнала до него пред пет месеци и, доколку стигнала, какви чекори биле преземени. „

Дали оваа порака почитуван министре, стигнала до вас пред пет месеци? Ако стигнала, што сте направиле? Каде во оваа држава човек треба и може да се обрати доколку му се закануваат по живот, доколку го тепаат или му палат автомобил“, прашуваат од опозициската партија.

Росица Коцева беше убиена на 15 септември заедно со својот татко во семејната куќа во Велес од нејзиниот поранешен партнер, кој по злосторството си го одзеде животот. Претходно таа повеќепати го пријавувала во полиција, а против него биле покренати постапки во Обвинителството.

По убиството, невладини организации протестираа пред МВР и кај паркот „Жена борец“ во Скопје, со порака дека системот повторно затаил и дека институциите со својата пасивност овозможуваат континуирано насилство врз жени кое завршува со фемициди.

Поврзани содржини