Тоше Проески денеска требаше да го прослави својот 40 роденден (ВИДЕО+ФОТО)
По повод неговиот роденден, во Загреб вчера се одржа молитва, додека во Скопје, во АРМ ќе се одржи крводарителска акција по 17 пат.
Македонија и Балканот се присетува на најголемата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој на денешен ден требаше да наполни 40 години.
View this post on Instagram
Тоше е роден во Прилеп во 1981 година. Музичката кариера ја започнал со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отвориле песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998).
Тој бил претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освоил 14-то место. Во 2004 година, Проески бил именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издал песната „За овој свет“.
Ги објавил албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007). Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓале на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.
Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.
Тоше замина без да му се исполнат неговите најголеми желби според многумина тоа се, да стане светска ѕвезда и да создаде семејство.
Како и секоја година ова е еден од двата најтажни денови за фановите и неговите блиски, а традицијата 14 години по ред не изостави да ја прави неговата сестра Дора.
Имено таа како и секоја година на денот на роденденот на нејзиниот брат прави торта во чест на прерано загинатиот Тоше.
Оваа година Дора уште рано утрово сподели фотографија на нејзиниот Фејсбук профил со тортата на која пишува „Те сакаме сите Тоше“.
Тој загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска на 16 октомври 2007 година на само 26 годишна возраст.
По повод неговиот роденден, во Загреб вчера се одржа молитва, додека во Скопје, во АРМ ќе се одржи крводарителска акција по 17 пат.