ТОШЕ ДЕНЕСКА ЌЕ НАПОЛНЕШЕ 41 ГОДИНА Овие негови зборови ќе се паметат засекогаш
Тоше загина на 16 октомври 2007 година на автопатот А3, на пат од Скопје кон Загреб.
Никогаш прежалениот македонски пејач Тоше Проески денеска би го прославил својот 41-ви роденден. Неговиот живот трагично беше прекинат во 2007 година во тешка сообраќајна несреќа кај Нова Градишка.
Македонскиот славеј, како што го нарекуваа, кариерата ја започна на само 10 години со фасцинантната изведба на Аве Марија и стана еден од најдобрите студенти во студиите за соло пеење. На 15 години веќе настапува на фестивалот „Макфест“.
Со песната „Срце није камен“ набргу ги освои топ-листите на радио станиците и се подготвуваше и неговата странска кариера.
Тоше беше вклучен во бројни хуманитарни активности, а како амбасадор на УНИЦЕФ им помагаше на децата. Со својата скромност ги освои срцата на сите што го познаваа, но и на оние кои не го познаваа.
„Не сакам пред мене да симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“, се зборовите на Тоша кои ден-денес се паметат.
Тоше загина на 16 октомври 2007 година на автопатот А3, на пат од Скопје кон Загреб.
Обожавателите и соработниците и по сите овие години се сеќаваат на Тоша. Целиот регион го обожаваше.
„Момчето кое освојуваше со својата убава насмевка, пред сѐ, го красеше скромноста, а секогаш нагласуваше дека љубовта е она што треба да ги покренува луѓето. Прерано нѐ напушти на само 26 години, но зад себе остави исклучително богата ризница во која и денес кога ќе го ѕирнеме, сфаќаме колку бил талентиран“, порачаа од неговата дискографска куќа „Хит рекордс“.
„Неговите зборови „Ве сакам сите“ покажуваат колку големо срце имаше и како со своите несебични дела секогаш им помагаше на оние на кои тоа им беше најпотребно, а и денес живеат во сите кои го познавале, но и во оние кои ја немале таа можност“, додале тие.