Тортевски: Заев вчера беше историчар, денеска обвинител и судија, а понекогаш е и премиер
„Вчера историчар, денес обвинител и судија. Во слободно време понекогаш е и премиер“, напиша адвокатот Александар Тортевски на Твитер.
Го викнале Заев во суд да сведочи за „27 април“, а тој отишол да ги учи обвинителството и судот за кое кривично дело треба да им се суди на обвинетите, напиша на Твитер адвокатот Александар Тортевски.
„Вчера историчар, денес обвинител и судија. Во слободно време понекогаш е и премиер“, напиша адвокатот.
Ваквата негова реакција следува откако премиерот Зоран Заев денеска во својот исказ пред судот рече дека обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски не се организатори на настаните од 27 април.
– Како човек кој беше жртва, логично мислам дека има организатор тој настан, но како информиран човек, не мислам дека главни осмислувачи, мотиватори и организатори се Миле, Спиро, Трајко. Според моите сознанија, овие луѓе се изманипулирани од Груевски и според мене, не мислам дека се организатори на тој громорозен настан, туку се изманипулирани од Груевски – сведочеше во судницата Заев на прашање од судот во однос на конститутивната седница во Собранието од 27 април 2017 година.