Тортевски: Колективното помилување е противуставно, власта да почне постапка против Иванов

1,686

Твоја партија, на адвокатот Александар Тортевски вели дека колективно помилување од поранешниот претседател Ѓорге Иванов на група луѓе е противуставно затоа што помилуваните биле наведени само со име и презиме, без други податоци за идентификација и без спомнување на конкретните случаи за кои се товарат и без образложение.

„Ова е во спротивност со објаснувањето дадено од страна на Уставниот суд во врска со одлуката У.бр.19/2016-1, каде што се утврдува дека “Тоа што претседателот на Републиката има ваква надлежност, не значи дека би се дало помилување за секој сторител, за секое сторено кривично дело, туку оваа надлежност ќе се оствари во оние случаи кога Претседателот ќе оцени дека треба да се даде помилување, земајќи ги во предвид и карактеристиките на сторителот, но и делото кое е сторено…“, односно, дека “Помилувањето е поврзано со индивидуализација на сторителите на кривичните дела …“, велат од Твоја партија во соопштение.

Твоја партија, се вели во соопштението бара владата да покаже и докаже дали навистина вака ги толкувала постапките на тогашниот претседател или си „играла“ правни толкувања. „Ако навистина верувала и верува дека Иванов ја злоупотребил својата позиција, тогаш неопходно е  актуелната власт да започне процедура пред соодветните судски органи за утврдување на кривична одговорност на претседателот Иванов за кршење  на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини