Адвокатот Александар Тортевски објави фотографија од чамецот кој тој иронично го нарекува јахта а за кој луѓе блиски на СДСМ јавно барале да се испита потекло на имотот на членот на раководството на партијата Твоја.
„На СДСМ многу му пречи што имам чамец од 12.000 евра а не им беше чудно кога Боки 13 покажа милиони. Цела партија се потепа да се дружи со него, му одеа дома, се сликаа. Како ученичиња му се поклонуваа на прославите со него. Се тепаа кој да влезе во УО кај него за да крка парички”, пишува Тортевски на Твитер откако ботови на СДСМ го обвиниле дека е корумпиран затоа што имал јахта.
Јахтата за која СДСМ ми бараат потекло на имот. pic.twitter.com/FVNJxkPPjF
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) June 15, 2021