ТОРТА В ЛИЦЕ ЗА ГЛАВНИОТ ПРЕГОВАРАЧ НА КУРТИ ВО ОХРИД „Колач и милкшејк за Заедницата на српските општини“ (ВИДЕО)

2,626

Активисти на опозициската Социјалдемократска партија денеска фрлија торта и милкшејк кон Бесник Бислими, вицепремиерот на Косово и главен преговарач во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Претседателот на Социјалдемократската партија, Дардан Молиќај, на Фејсбук објави видео од овој инцидент, со порака – колач и милкшејк за „Заедницата“.






Се мисли на Заедницата на српските општини.

На видеото се гледа како Бислими го гаѓаат со торта и милкшејк додека влегувал во зградата.

„Оние кои го прифатија (договорот во Охрид) се радуваат. А ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме на тоа и масовно ќе бараме нивна оставка“, изјави Молиќај.

Тој изјави дека ќе организира протест в сабота на 25 март.

Поврзани содржини