Торнадо во Чешка урна куќи до темел, половина село е збришано, има повредени и жртви ВИДЕО

Можам да потврдам дека има жртви, но засега не ја знаеме нивната точна бројка - изјави Гедвига Кропачкова, портпарол на Обединетата спасувачка служба на Чешка.

578

Торнадо вчера ја погоди југоисточна Чешка, при што има жртви и голема материјална штета, јави ДПА.

Според првичните податоци на противпожарната служба, повредени се речиси 150 луѓе.






– Можам да потврдам дека има жртви, но засега не ја знаеме нивната точна бројка – изјави Гедвига Кропачкова, портпарол на Обединетата спасувачка служба на Чешка.

– Сите расположливи спасувачки екипи се испратени да се справат со последиците од торнадото – изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамачек.

Регионалната служба за спасување соопшти дека најмалку три лица загинале, а заменик градоначалникот Марек Бабиш потврдил дека половина село Хрушки во регионот Брецлав буквално е срамнето со земја и дека има повредени.

– Половина село е срамнето со земја, останати се само потпорните ѕидови без покриви и прозорци. Селото практично не постои – изјави Бабиш.

Спасувачките екипи објавија дека вкупно седум населени места во регионот во близина на границата со Австрија, беа погодени од торнадото.

Ударите на ветрот достигнувале и до 322 километри кога вчера торнадото го достигна четвртото ниво, што е најсилно во последните неколку децении.

Поврзани содржини