ТОРИ СПЕЛИНГ СО ДЕКОЛТЕ ШТО СЕ ПРЕЛЕВА Поранешната ѕвезда на тинејџерската серија Беверли Хилс сега е во шестата деценија од животот

Смелиот крој со тесен корсет и длабоко деколте, проѕирни детали и висок шлиц не остана незабележан. 52-годишната Тори Спелинг привлече големо внимание на доделувањето на музичките награди iHeartRadio во Лос Анџелес.

86

Тори Спелинг, најпозната по улогата на Дона Мартин во тинејџерската серија „Беверли Хилс, 90210“, привлече големо внимание на доделувањето на музичките награди iHeartRadio во Лос Анџелес, каде што се појави во впечатлива црвена тоалета што не можеше да остане незабележана.

52-годишната ѕвезда пристигна на црвениот тепих во смела облека инспирирана од корсет, која ја нагласуваше нејзината фигура и го привлече вниманието на публиката.
Фустанот беше особено впечатлив поради тесното, длабоко деколте и кројот на корсет што ја истакнуваше силуетата, додека проѕирните детали во пределот на стомакот дополнително го нагласуваа целиот изглед.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Драматичните декорации во форма на роза и изразените линии му даваа на фустанот силен визуелен ефект, додека високиот шлиц на здолништето ги откриваше нејзините нозе и го заокружуваше гламурозното издание. Изгледот го надополни со сребрени платформи и впечатлив накит.

Нејзиното појавување на црвениот тепих доаѓа кратко откако проговори за шпекулациите и коментарите за нејзиниот изглед, кои се појавуваат сè повеќе, пишува Дејли Меил. Иако признава дека ваквите реакции ја погодуваат, таа јасно става до знаење дека нема намера да го промени својот изглед поради нив.

Поврзани содржини