ТОПОВСКИ УДАР ГО СТРЕСЕ „ЌАЦИЛЕНД“ Дијана Хрка објави слики со чад пред српскиот парламент
Мајката на загинато момче во падот на настрешницата, којашто штрајкува со глад веќе 9 дена, објави дека силна експлозија се слушнала во 6 часот и 40 минути изутринава.
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка кој загина при уривање на настрешницата во Нови Сад, штрајкува со глад веќе деветти ден. Возачот Миломир Јаќимовиќ најави дека и тој денес ќе започне штрајк, а заедно со него ќе штрајкува и неговиот син, јавува Н1 Србија.
Дијана Хрка штрајкува со глад веќе деветти ден пред Собранието на Србија, во близина на шаторската населба на приврзаниците на власта, каде што утрово, како што објави Хрка, бил фрлен топовски удар. Според нејзината објава на Инстаграм, експлозивот бил фрлен во 6 часот и 40 минути, а со таа информација објавила и фотографии на кои се гледа чад во дел од Пионирскиот парк.
Хрка од 2 ноември штрајкува со глад пред српското Собрание во Белград, барајќи вистина и одговорност за трагедијата во која загина нејзиниот син Стефан и уште 15 лица, најмногу млади луѓе. Освен тоа, таа бара ослободување на сите студенти уапсени за време на едногодишните антивладини протести и распишување предвремени парламентарни избори.
Да потсетиме, веќе повеќе од половина година просторот пред парламентот во Белград е окупиран со шатори. Кампот, во јавноста познат под прекарот „Ќациленд“, првично беше поставен во Пионирскиот парк и беше претставен како израз на протест на контра-студентите кои, според мотото, „само сакаат да учат“. Сепак, барањата поради кои кампот беше создаден денес се речиси заборавени, а собраните таму од самиот почеток не беа само студенти.
Со текот на времето кампот се прошири и на платото пред Народното собрание, има шатори и на самата улица, а сè помалку е јасна смислата на таа „населба“, освен да претставува некаква противтежа на студентските протести што траат веќе една година поради трагичната смрт на 16 луѓе во Нови Сад. Невладините и независни медиуми повеќепати укажале дека во „Ќациленд“ се собираат хулигани и насилници во служба на режимот на Вучиќ.
View this post on Instagram