ТОПОЛ ВИКЕНД, ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ВРНЕ Денеска температурите ќе достигнат 35 степени

Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи.

361

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, прогнозира УХМР. Температурите ќе го достигнат 35-тиот степен.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со максимални 33 степени.






За време на викендот ќе преовладува сончево време со свежи утра и потопло преку денот. Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура. Од вторник се очекува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер.

Поврзани содржини