ТОПЛО И СТАБИЛНО ДО СРЕДА, ВО ЧЕТВРТОК СЛАБ ДОЖД Студени утра и магла во котлините

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.

2

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.






Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура од минус 4 степени. Најтопло се очекува да биде во Гевгелија, со максимална температура до 16 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла.

До среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време.

Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини.

Во четврток и во петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

Фото: УХМР
Поврзани содржини