ТОПЛИОТ БРАН СЕ ВРАЌА Температурата ќе се искачи до 37 степени

881

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност, а во планинските подрачја со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.






UV индексот ќе изнесува 8.

Највисоката температура ќе се искачи до 37-от степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Во периодот што претстои се прогнозира дека времето ќе биде сончево и многу топло.

Поврзани содржини