Топлиот баран им штети и на животните, како да ги заштитите?

Кучињата да се шетаат во раните утрински часови или доцна попладне, да се избегнува одење по жежок афалт, да престојуваат под сенка доколку се на отворено и секогаш да имаат на располагање свежа вода, советуваат од Лајка.

350

Топлиот бран којшто ја зафати нашата држава, но и регионот, има несомнено големо влијание врз сите животни. Јавното претпријатие за благосостојба на животните скитници Лајка во овие жешки денови уште еднаш апелира граѓаните да внимаваат на своите миленици, особено кучињата. Во овој период, грижата и заштитата од топлото време е важно за превенција од топлотен удар кај милениците.

Поради временските прогнози коишто најавуваат дека топлото време ќе се задржи и наредниот период, од Лајка советуваат, кучињата да се шетаат во раните утрински часови или доцна попладне, да се избегнува одење по жежок асфалт, да престојуваат под сенка доколку се на отворено и секогаш да имаат на располагање свежа вода. Да не се оставаат милениците во затворено возило, дури и во денови кога температурите се ниски.






– Доколку кучињата дишат забрзано и отежнато, имаат зголемен пулс и забрзана работа на срцето, прекумерно лачат лигавица од устата или имаат висока температура, укажува дека миленикот има топлотен удар – велат од Лајка.

За ваквите случаи, докторот по ветеринарна медицина, Виктор Груев, советува дека кучето треба веднаш да се однесе на ветеринар.

– Доколку сопственикот не е во можност итно да го однесе кучето на лекар, тогаш треба да се повлече миленикот во темна просторија каде нема директен контакт со сонцето, да му се постави ладна, односно мокра крпа на вратот или главата, или да се обезбеди црево со вода коешто ќе тече низ неговиот абдомен. И покрај овие итни преземени мерки, најдобро е миленикот сепак да се однесе на ветеринар – вели д-р Груев.

Поврзани содржини