ТОЛПА ОД 300 ЛУЃЕ ЛИНЧУВА ТРОЈЦА МАЖИ Биле обвинети за киднапирање девојче во Мексико

Линчувањата станаа почести во Мексико, поттикнати од чувството на неказнивост и насилството поврзано со нарко-трговијата.

614

Тројца мажи, обвинети за киднапирање на мало девојче, беа линчувани до смрт од толпа од 300 лица во село во државата Пуебла, соопштија мексиканските власти.

Инцидентот се случил вчера во Сан Хуан Амекак, каде што полицијата пристигнала откако мажите веќе не давале знаци на живот.






Линчувањата станаа почести во Мексико, поттикнати од чувството на неказнивост и насилството поврзано со нарко-трговијата.

Експертите предупредуваат дека ваквите самоволни акти создаваат дополнителна опасност. Во јуни, сличен инцидент заврши со убиство и палење на четворица мажи обвинети за кражба на возило.

Поврзани содржини