Топ листа на најубави народи на светот, нас нѐ нема!
Иако за оваа популарна платформа велат дека е многу контроверзна бидејќи членови можат да бидат само убави луѓе, таа има повеќе од 5 милиони корисници ширум светот.
Најновата листа на најубави народи на светот изненадила многумина. Во секој случај сега е појасно дали се точни стереотипите дека Германците се најгрди на светот, а Италијаните се најубави.
Познатиот сајт за запознавање BeautifulPeople.com објави листа на народите кои се најубави на светот, судејќи според бројните читатели кои гласале и тоа за спротивниот пол. Така впрочем постојат две одвоени листи – за мажи и за жени.
На листата ги нема Македонците.
Дамите од Норвешка се на врвот на женската листа, додека Германките според овие бројки се најгрди.
Иако за оваа популарна платформа велат дека е многу контроверзна бидејќи членови можат да бидат само убави луѓе, таа има повеќе од 5 милиони корисници ширум светот.
Најатрактивни мажи на светот
На прво место се Швеѓаните, по нив веднаш се Бразилците, па Данците, Италијаните, Португалците, Аргентинците, Норвежаните, Шпанците, Американците и десети се Канаѓаните.
На последно 21-во место се Ирците.
Најатрактивни жени на светот
Најубави жени според оваа листа, се Норвежанките. На второ место се Швеѓанките, па Исланѓанките, Бразилките, па Аргентинките. Ирките и Французинките го делат шестото место, а веднаш зад нив се Американките, па Канаѓанките, Италијанките и десети се Русинките.
На 21-то место како најгрозни се Германките.